Вардар - Монпелје (ЛШ, видео - 02.03.2019)

Вардар со триумф од 33-27 (16-13) ја заврши групната фаза од Лигата на шампионите. Во осмина-финалето Вардар ќе игра со шестопласираниот тим од Група Б, екипата на ППД Загреб. Сезонава Вардар двапати го победи актуелниот европски првак Монпелје, и му се реваншираше за поразот што ни го нанесе на последниот Ф4 турнир во Келн. Во дуел на последните два европски прваци во ЛШ „црвено-црните" излегоа како апсолутни победници и заслужено продолжуваат во Топ-16 фазата со амбиции да одиме уште некој чекор подалеку. 

вторник, 5 март 2019 - 16:08