Вардар - Металург (видео, СЕХА - 09.12.2017)

На Вардар му требаа само дваесетина минути да покаже зошто е шампион и во СЕХА лигата и во ЕХФ игата на шампионите, па против Металург не само што ги освои бодовите со триумф од 31-24 (12-14) туку и покажа дека иако е веќе крај на годината тимот се уште е во врвна форма. Ова беше деветти триумф за Вардар во меѓусебните дуели со Металург со СЕХА лигата. Ја продолживме и нашата серија од 16 натпревари без пораз во регионалното натпреварување и 15 троумфи по ред во 2017 година.

понеделник, 11 декември 2017 - 12:51