Запознај ги твоите херои и додели им ги медалите на Ф4 турнирот во Келн

Организаторите на ВЕЛУКС ЕХФ Ф4 турнирот им нудат можност на фановите да ги запознаат своите херои и да им ги претстават Тимур Дибиров, Игор Карачиќ, Алекс Душебаев и нивните соиграчи на церемонијата за доделување на медали пред 19.750 гледачи во „ЛАНКСЕС арената" во Келн.

Фановите кои имаат влезници за овогодинешното издание на ВЕЛУКС ЕХФ Ф4 турнирот можат да учествуваат на натпреварот и да ja искористат оваа единствена можност.

Избраниот фан на Вардар ќе добие уникатна можност да прослави на терен заедно со својот клуб и играчите, во недела, на 4-ти јуни.

Секој од победниците ќе добие и специјален ВЕЛУКС ЕХФ Ф4 пакет спонзориран од Салминг и врамена фотографија на која што ќе бидат фотографирани фановите со својот тим по завршувањето на настанот. Победниците исто така ќе бидат објавени и во официјалниот весник на настанот кој ќе биде објавен на завршниот ден.

Твојата шанса за #meetyourheroes



Можноста да застанете на подиумот и да им ги предадете медалите на играчите од Вардар пред полната „ЛАНКСЕС арена" е нешто кое што не може да се купи со пари.

За да го освоите овој незаборавен момент, се што треба да направите е да ни ја раскажете вашата приказна. Што те прави тебе најголем фан на твојот тим?

Објавете фотографија или видео на нашите официјални канали на ЕХФ Лигата на Шампиони или на Твитер, Инстаграм, Снепчет или Фејсбук користејќи го нашиот хаштаг #meetyourheroes.

Исто така можете да ја испратите вашата апликација на е-маил адресата media@eurohandball.com. Крајниот рок за аплицирање е Четврток, 25 Мај 2017 до 17 часот.

За да учествувате во овој избор мора да имате важечка влезница за ВЕЛУКС ЕХФ Ф4 турнирот кој што ќе се одржи на 3-4 јуни 2017.

Четворицата победници задолжително треба да присуствуваат на пробата за завршната церемонија во „ЛАНКСЕС арената„ која ќе се одржи во недела наутро, на 4-ти јуни 2017.

Забелешка: Ве информираме дека го задржуваме правото да ги споделиме вашите апликации на платформитена ЕХФ Лигата на Шампионите.

Влезниците сè уште се во продажба
Доколку сакате да учествувате, а сè уште не сте го обезбедиле вашето место на настанот, ограничен број на влезници сè уште се во продажба. Повеќе информации на следниот линк -  http://www.ticketplus.mk.

вторник, 16 мај 2017 - 12:04