За дербито Вардар - Еурофарм Пелистер влезот е СЛОБОДЕН

Натпреварот од четвртото коло од домашната машка Супер лига меѓу Вардар1961 и Еурофарм Пелистер е закажан за в недела во 18 часот во СЦ „Јане Сандански".

Влезот на натпреварот ќе биде СЛОБОДЕН.

Дербито на колото, истовремено е дерби и на првенството. Сезонава Вардар1961 триумфираше против Еурофарм Пелистер во финалето на турнирот во Струга, а битолчани беа подобри и го освоија Супер купот.

Вардар игра со згуснат распоред паралелно со настапот во ЕХФ лигата на шампионите и домашното првенство. По три одиграни натпревари „црвено-црните" до домашното првенство имаат три победи.

Во ЕХФ лигата на шампионите одиграни се два натпревари, а Вардар ремизираше во Норвешка со Елверум, и вчера го победи Мешков на домашен терен.

Средбата со Еурофарм Пелистер доаѓа како најава за уште еден дуел од ЕХФ лигата на шампионите, против Алборг на 29 септември повторно во Скопје.

За натпреварот со Еурофарм Пелистер на самиот влез секој гледач ќе треба да покаже:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата.

петок, 24 Септември 2021 - 18:40

Share on Facebook