Втор триумф на Вардар1961 - гостинска победа против Охрид

Вардар1961 ја забележа и втората победа сезонава во домашното првенство откако на гостувањето во Охрид нашите момци триумфираа со 23-19 (11-10). Игравме без четири првотимци од стандардниот состав: Кантегрел, Чупиќ, Јотиќ и Димитриоски. Целосниот отпор на домашните ракометари беше скршен во второто полувреме.

Откако Охрид израмни на 12-12 потоа Вардар ја презеде целата контрола во свои раце и почна полека да ја зголемува разликата. Последен пат домашните ракометари намалија на 15-16, а потоа „црвено-црните" ја презедоа целосно резултатската контрола. Највисоката разлика во наша корист беше 22-17, а потоа и 23-18.

Почетокот на средбата беше со наша водство, но потоа Охрид направи пресврт и поведе со 7-4. Тоа беше момент кога тренерот Стевче Алушовски веднаш реагираше со тајм аут, а потоа полека работите дојдоа на свое место. Брзо израмнивме на 8-8, и до крајот на првото полувреме со голот на Гаџа поведовме со 11-10.

Охрид - Вардар1961 19-23 (10-11)

Охрид: Кривокапиќ 3, Блажески 1, Чагаљ 2, Манасков 3, Ристески 1, Тот 7....

ВАРДАР1961: Ристовски, Шеваљевиќ 4,Јагуриновски 2, Стоилов 3, Георгиевски 8, Крапалевски, Дисингер, Калараш, Гаџа 3, Талески 1, Дибиров 2, Векиќ, Атанасовски, Мишевски, Кизиќ.

 

 Марко Кизиќ беше одличен во второто полувреме на средбата и имаше неколку одбрани од „зицер“ ситуации на противникот. Тој успешно ги скроти тие нивни удари

недела, 21 март 2021 - 20:20

Share on Facebook