Втор триумф на Вардар во домашното првенство

Вардар играше само со една постава против Бутел, со играчи кои вообичаено помалку добиваат шанса, но и покрај тоа немаше проблем да ги освои трите бода и да победи со 30-21 (16-12).

Вардар тргна со гол од контра на Јан Чувара кој пресече една топка на гостинскиот напад. Шест минути Вардар имаше водство, а по една загубена топка, во контра Златко Мојсоски првпат му донесе водство на Бутел од 3-2. Тогаш Вардар како да се разбуди па со серија од 4-0 брзо го презеде водството, 6-3 во 11 минута.

Постот на Бутел траеше до 12 минута која Златко Мојсовски реализирашпе од крило за намалување на водството на „црвено-црните" на 7-4. На еден постигнат гол на Бутел, „вардарци" возвратија со два нови и со зголемување на водството на 9-4 во 14 минута, а потоа и 10-5.

Не помогна многу тај аутот што го побара тренерот на Бутел, Кристијан Грчевски во 19 минута, Бидејќи Вардар во серија постигна два гола за водство 13-7. Ама брзо возврати Бутел со серрија од 2-0 за намалување на 13-9. Брзо се менуваа работите, па сега Вардар имаше свои минути и серија од 3-0 со која за првпат го подигна водството на „плус 7", 16-9 во 27 минута. Наместо д аго задржи, па зголеми резултатот Вардар дозволи да прими три гола по ред, а Бутел така намали на 16-12 на полувреме.

На почетокот на второто полувреме за неколку минути Вардар повторно ја имаше највиоската предност од „плус 7", 21-14. Единствената измена во тимот беше влегувањето на голманот Васил Гогов на местото на Мартин Томовски. Поискусните играчи како Стоилов, Георгиевски, Ѓукиќ, Манасков беа на клупата, но повеќе како подршка на соиграчите со совети. Немаше потреба од нивно влегување на теренот. До крај дојде само потврдата за победата од 30-21.

* Фото-галерија од натпреварот

Вардар - Бутел 30-21 (16-12)

Вардар: Манасков, Стоилов, Моралес, Георгиевски, Добрковиќ 2, Карапалевски 2, Томовски (8 одбранети топки), Чувара 5, Лазаревски 3, Савревски 4, Талески 5, Ѓукиќ, Атанасовски 1, Ќосевски 5, Мишевски 3, Гогов (7 одбранети топки и 1 седмерец).

Бутел: Симјановски, Субашевски, Ѓеоргиевски 3, Ивановски, Крстевски 2, Мојсоски 2, Спасовски 1, Петрушевски 5, Стојчевиќ 1, Манасков, Блажевски, Јефтиќ 1, Цветковски 1, Мајиќ 1, Давитковски 1, Василевски 3.

 

среда, 14 Септември 2022 - 18:05

Share on Facebook