Во трилер завршница Вардар се враќа без бодови од Украина

Во дербито на А групата од СЕХА Газпром лигата, без неколку стандардни првотимци актуелниот првак на регионалното натпреварување, Вардар, се враќа дома без бодови. Тимот на Мотор Запорожје победи со 32-31 (13-12). Имавме две шанси да се вратиме најмалку со бод, можеби и со победа. Во последниот шут од седум метри Иван Чупиќ не успеа да реализира, и топкат се одби од подот и заврши над дирекот на голот.

Домашните ракометари во најголем дел од средбата имаа водство, а Вардар ги чекаше своите минути и шансата се отвори во последните минути од средбата. На шест минути до крај Мотор водеше со 28-25, а потоа Вардар како да „нагази" и израмни на 30-30 во 58 минута. На една минута до крај при резултат 31-31 се одбранивме, топката стигна до рацете на Тимур Дибиров, и тој откако виде дека противничкиот гол е празен ја упати топката, но таа за малку заврши покрај голот.

Мотор во следниот напад реализираше за водство, а последните 15-тина минути беа за Вардар. Се изборивме за пенал, а тој последен удар на Иван Чупиќ заврши над голот. Топката удри во подот и отиде над голот. Тоа беше момент за радост за домашните.

Вардар играше на оваа средба без Калифа Гедбан кој не доби виза за влез во Украина и Сташ Скубе кој се пожали на повреда на грбот. На списокот на повредени се и Стојанче Стоилов и Жозе Толедо.

Од самиот почеток Мотор ја презеде иницијативата, а Вардар беше во игра постојано, но освен што неколкупати израмнуваше немаше можност да поведе. Игравме променливо, и недостатокот на Скубе, а потоа и ситната повреда на Дисингер не натераа да одиграме уште посконцентрирано.

Иако домаќините водеа и со 11-8 пред крај на првото полувреме стигнавме до негатива од 13-12. Ова беше последната контрола за „црвено-црните" пред гостувањето кај Монпелје во Лигата на шампионите следниот викенд.

МОТОР – ВАРДАР 32-31 (13-12)

МОТОР: Комок (9 одбрани), Киреев, Вујовиќ 5, Кубатко 2, Бабичев 2, Пухоски 6, Денисов, Дорошчук, Кравченко 1, Донцов 1, Јанима 4, Гурковски 1, Жуков 3, Пјотр Кус 3, Сорока 2, Поровинчак 2.

ВАРДАР: Кугис (11 одбрани и 2 седмерци), Кизиќ, Кукуловски, Димитриоски, Кристопанс 5, Карапалевски, Пелко 2, Дисингер 2, Атман 5, Калараш, Чупиќ 4, Дибиров 6, Горбок 2, Шишкарев 3, Горпишин 2.

сабота, 7 Септември 2019 - 19:40