Во Шведска без Вуко Борозан

За Шведска не отпатуваа Вуко Борозан и Марко Мишевски. Нашиот лев бек се уште чувствува болка и ќе остане во Скопје и ќе работи под посебна програма за рехабилитација.

Ракометарите на Вардар отпатуваа за Шведска каде утре попладне од 19 часот го играат мечот од 13. коло во група А од ЕХФ Лигата на шампионите против Кристијанштад. Од групната фаза во ЛШ ни остануваат уште две средби, оваа со Кристијанштад и плус како домаќини со Монпелје на 2 март во Скопје.

За Шведска не отпатуваа Вуко Борозан и Марко Мишевски. Нашиот лев бек се уште чувствува болка и ќе остане во Скопје и ќе работи под посебна програма за рехабилитација.

„Вуко Борозан има болка, а уште 2-3 играчи истотака имаат проблеми, но тие ќе патуваат и ќе играат. Размислуваме само за овој меч во сабота, и тој единствено не интересира. Кристјанштад има нов тренер и тие покажаа дека играат добро на домашен терен, сосема спротивно кога се гости. Имаат и нов тренер и затоа не знаеме што се може да подготват. Ние сме подготвени да играме онака како што знаеме, вели Роберто Парондо, тренерот на Вардар.

Вардар е третопласиран на табелата со 15 бода, еден помалку од Веспрем. Овие два натпревари што ни следат ќе дадат одговор како ќе стартуваме во осминафиналето и кој ќе биде нашиот следен ривал. Тренер на Кристијанштад е Љубомир Врањеш кој претходно беше тренер на Веспрем, а пред тоа долги години во Флензбург.

„ Играчите се подготвени за она што следи. Забораваме што било претходно и мислиме само на она што следи. Ќе биде секако тешко поради проблемите што ги имаме, вели Парондо.

На првиот меч сезонава во Скопје, во второто коло Вардар триумфираше со 33-25 (19-10). Шведскиот првак има серија од три порази по ред, а последните два во февруари се од Кјелце на гостувањето во Полска, и дома од Барселона.

петок, 22 февруари 2019 - 11:50