Во продажба се билетите за следните два домашни натпревари на Вардар во ЛШ

Во февруари и март РК Вардар1961 ќе ги одигра последните четири натпревари од групната фаза на лигата на шампионите, а две средби се закажани во салата во СЦ „Јане Сандански" - против ППД Загреб и Елверум.

Со цел да им се овозможи на навивачите навреме да обезбедат билет за овие две средби од ЕХФ Лига на шампионите почна продажбата на поединечните билети за средбите против ППД Загреб и за Елверум.

* Натпреварот Вардар - ППД Загреб е закажан за 23 февруари 2022 во 20,45 часот.

* Натпреварот Вардар - Елверум е закажан за 9 март 2022 во 20,45 часот

Дозволено е користење на 50 отсто од капацитетот на салата, до максимални 2.750 лица.

Продажбата на билетите ќе се врши:
онлајн на www.kupikartizase.com

и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија
(https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).

Цени по блокови:

Блок А2, А3,А5 и А6 - 450 ден.

Блок 3,4,5,6,7,8,11,12,13,14,15 и 16 - 400 ден.

Блок 1,2 и 9 - 350 ден

Продажба на билети (доколку останат слободни места) ќе има и пред самиот почеток на средбата, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" два часа (2 часа) пред почетокот на средбата.

На самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози вакцина против заразната болест КОВИД-19 или

*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури иако имате купено билет (сезонски или индивидуален) за натпреварите.

 

среда, 9 февруари 2022 - 14:27

Share on Facebook