Во продажба билетите за натпреварите со Порто и со Нексе

Од денеска во продажба се пуштени поединечните билети за следните два домшни натпревари на Вардар, во ЕХФ лигата на шампионите со Порто и во СЕХА Газпром лигата против Нексе. Продажбата ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" и онлајн преку www.ticketplus.mk

На 22 септември Вардар го игра вториот натпревар од групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите против Порто. Натпреварот е закажан за 17 часот во СЦ Јане Сандански".

Цената на билетите за натпреварот со Порто се:
* трибина - 350 денари
* А блок - 400 денари
Купувањето на билетите е можно 24/7 преку онлајн - www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден од 10 до 18 часот.

 

На 24 септември Вардар ќе биде домаќин на Нексе во СЕХА Газпром лигата. Мечот е закажан за 20,45 часот.
Цената на билетот за овој натпревар е 50 денари.
Истиот може да се купи преку онлајн - www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден од 10 до 18 часот.

 

понеделник, 16 Септември 2019 - 13:53