Во продажба билетите за мечoт Вардар - Татран

Од денеска (4 декември) во продажба се пуштаат поединечните билети за последниот домашен натпревар на Вардар годинава во СЕХА Газпром лигата против Татран (Словачка).

Продажбата ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" и онлајн преку www.ticketplus.mk

Натпреварот Вардар - Татран е закажан за 9 декември во СЦ „Јане Сандански" во 20,15 часот.

Цената на поединечните билетите за натпреварите со Татран е 50 денари

Купувањето на билетите е можно 24/7 преку онлајн - www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден од 10 до 18 часот.

среда, 4 декември 2019 - 13:09