Во продажба билети за натпреварот Вардар - Кил

Од понеделник (30 септември) во продажба ќе се пуштат поединечните билети за следниот домашен натпревар на Вардар во ЕХФ лигата на шампионите против Кил. Продажбата ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" и онлајн преку www.ticketplus.mk

Натпреварот Вардар - Кил е закажан за 12 октомври во Сц „Јане Сандански" 17,30 часот.

Цената на билетите за натпреварот со Кил се:
* трибина - 350 денари
* А блок - 400 денари

Купувањето на билетите е можно 24/7 преку онлајн - www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден од 10 до 18 часот.

сабота, 28 Септември 2019 - 14:13