Во продажба билети за дуелите со Мешков и со Кјелце

Од понеделник (21 октомври) на пладне, 12 часот во продажба се пуштаат во продажба поединечните билети за следниот два домашен натпревар на Вардар во ЕХФ лигата на шампионите против Мешков Брест и против Кјелце. Продажбата ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" и онлајн преку www.ticketplus.mk

Натпреварот Вардар - Мешков е закажан за 3 ноември 2019 година во СЦ „Јане Сандански" 17 часот.

Натпреварот Вардар - Кјелце е закажан за 9 ноември 2019 година во СЦ „Јане Сандански" во 17,30 часот

Цената на поединечните билетите за натпреварите со Мешков и со Кјелце се:
* трибина - 350 денари
* А блок - 400 денари

(Цената се однесува за еден натпревар)

Купувањето на билетите е можно 24/7 преку онлајн - www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден од 10 до 18 часот.

 

понеделник, 21 октомври 2019 - 09:53