
Финалниот турнир од Купот на Македонија годинава се игра од 13 до 15 мај, а Вардар е бранител на трофејот. Со ждрепка беа извлечени полуфиналните двојки од Купот каде се пласираа екипите на Вардар, Бутел, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.
Во полуфиналето Вардар ќе игра со тимот на Еурофарм Пелистер 2. Тој меч е закажан за 13 мај во 17 часот.
Второто полуфинале е меѓу Бутел и Еурофарм Пелистер.
Финалето е закажано за недела, 15 мај од 19,30 часот.
Вардар е рекорден во Македонија со 14 Куп титули.
среда, 27 април 2022 - 15:18