Во новата сезона со нови дресови

За новата натпреварувачка сезона Вардар1961 има нови дресови со кои ќе настапува. Соработката со Hummel е продолжена и следните три години. Изборот на дизајнот на дресот е направен во консултација со играчите. Задржана е традиционалната црвено-црна боја за домашните дресови, и бела за гостински натпревари.

Веќе на турнирот во Магдебург екипата ќе настапи во новите дресови. Истите ќе бидат достапни за продажба преку Вардар Фаншопот што се наоѓа во склоп на СЦ “Јане Сандански“ веќе од понеделеник.

 

четврток, 19 август 2021 - 14:22

Share on Facebook