Во драматичен меч Вардар 1961 обезбеди место на Ф4 турнирот на СЕХА

Вардар 1961 приреди драма во СЦ „Јане Сандански" но и покрај поразот од 25-26 (13-13) од Нексе, сепак „црвено-црните" се пласираа на завршниот Ф4 турнир од СЕХА Газпром лигата.

За Вардар 1961 ова ќе биде деветто појавување на Ф4 турнирот во СЕХА лигата, и ние сме еден од двата тима во историјата на регионалното натпреварување што играле на сите досегашни осум турнири. Петпати бевме прваци што е рекордно досега. Сега во полуфиналето во Задар на 4 септември противник ќе ни биде тимот на ППД Загреб. Покрај хрватскиот првак на овој турнир ќе играат и Веспрем и Мешков. Победникот од полуфиналените дуели на 6 септември ќе игра во финалето.

Иако вардарци беа фаворити на дуелот во Скопје против Нексе, имаа многу проблеми да се справат со мотивираниот им од Нашице. Првиот натпревар одигран во март во Нашице заврши со победа на Вардар 1961 со 31-30, и токму поради тоа се очекуваше и реваншот да биде интересен. Од друга страна Вардар 1961 донесе доста нови играчи, а Нексе го задржа истиот тим од лани.

Нексе покажа дека во Скопје е дојдено за да се бори и да се обиде да направи изненадување. Играта што ја прикажа уште од самиот почеток беше најава дека Хрватите ќе играат на „се или ништо". Агресивно во одбрана, со брзи контранапади, користејќи ја секоја позиција не му дозволија на Вардар да направи резултатска предност. Домашните ракометари се „мачеа" да имаат предност со два гола, и тоа им успеа дури во 20 минута кога Вардар 1961 првпат поведе со 10-8, а потоа и со 11-8.

Тоа беше период кога Борко Ристовски одбрани три топки, а во напад лесно се реализираше. Но, одбраната не успеваше се да сопре.

Мечот го почнавме со Дисингер, Јотиќ и Векиќ на бековските позиции и токму Дисингер во првото полувреме неколкупати потсети на неговите проектили кои ги упатуваше во минатото. Ракометарите на Вардар помислија дека Нексе е веќе „скршено" и лесно ќе биде до крај, но гостите го направија спротивното. До крајот на првиот дел успеаја да израмнат на 13-13 како најава дека нема лесно да се предадат и дека секој е важен.

Имавме доста проблеми во играта, и во одбранат и во напад. Доста технички грешки и без познатите шутеви од надвор, без агресивната одбрана и брзите контри. Она то го красеше Вардар 1961 во минатото. Треба време да се склопат коцките, да се воиграат новите членови во тимот, но на вака важен меч покажавме многу недостатоци. Нема многу време да се исправат работите, и се ќе треба да се подобрува во од.

* Најинтересни моменти од средбата (Видео)

Драмата на мечот беше во второто полувреме во последните седум минути. Нексе преку Јагањац имаше добра серија со која гостите зголемија на 24-20 во 53 минута. Најава за можно изненадување.
Јагуриновски и Јотиќ брзо враќаат за 22-24, а потоа откако Јотиќ погоди статива одбиената топка доаѓа до Валчак кој изнудува пенал. Чупиќ реализира за 23-24 во 58 минута за уште поголема неизвесност. Гостите „бркаат" два гола за да бидат сигурни во пласманот на Ф4.

Повторно Јагњац погодува за водство 26-24 вопоследната минута за Нексе. На шестсекудни до крај пикерот Ватрик Валчак постигнува гол за 25-26, и во последните шест секунди Нексе не успеа да реализира, ниту последниот удар од девет метри.
Гостите победија со 26-25, но радоста беше на лицата на Вардар 1961. Тие ќе играат на Ф4 турнирот во Задар.

* ФОТО ГАЛЕРИЈА ОД СРЕДБАТА


Стевче Алушовски - тренер на Вардар 1961

„Бевме посреќна екипа од Нексе. Бевме многу неодговорни во ситуација седум на шест и фрливме многу топки во бунар. Мислам дека е недопустливо за Вардар кој има големи амбиции, за некои играчи неодговорно да се однесуваат, иако во најдобра намера ги правеле грешките. Мораме да учиме од нив, и да играме секој ден се подобро. Ме радува фактот што Дисингер беше оној стариот, меѓутоа во вториот дел за 21 минута дадовме само пет гола, сето тоа поради наши технички грешки, но тоа е спортот и јас им честитам на момците за местото на Ф4. Се надевам дека таму ќе бидеме многу подобри".

Патрик Валчак - играч на Вардар 1961

„Го постигнав последниот одлучувачки гол, но секој гол ја има истата вредност без разлика дали е постигнат на почетокот или на крајот. Ние сме на завршниот турнир а тоа беше нашата цел. Ќе продолжиме да работиме, овој натпревар ни покажа каде грешиме. Ќе ги анализираме грешките и ќе се обидеме да ги отстраниме"

Хрвоје Хорват - тренер на Нексе

„Го имавме натпреварот, ја имавме контролата се до финишот нанатпреварот. Го преземавме водството во средина на вториот дел, но Вардар повторно покажа дека кога е во невозможна ситуација знае да се извлече. Тие имаат големо срце, и тука се две три ситници, можеби малку неискуството на неколку мои играчи овозможи Вардар да се врати во живот и на крајот тоа и да го искористи. Малку среќно, малку снаодливо, што да се каже... На крајот останува да жалиме, зошто можевме сега мирно да патуваме за Задар.
Не е срамота да се изгуби од Вардар во Скопје,ние сме на нашиот пат, почеток е на сезона, не оечкува еворпа започнува и СЕХА. Прв официјален натпревар затоа и имаше толку технички грешки на двете страни, ситници, неодговорност во игра... Но рутината се добива со играње на вакви натпревари, особено кога имате една млада екипа.

Халил Јагањац - играч на Нексе

„Делувавме премногу преплашени. На отварањето на второто полувреме не успеавме да прекршиме резултатот. Сами сме виновни, Вардар се нудеше, тоа можеа да го видат сите кои го гледаа натпреварот. Промашија неколку топки на празен гол во ситуација кога бевме седум на шест, и тука не успеавме да го искористиме тој момент. Имавме шест седум напади за да се одвоиме. Тогаш не успеавме, успеавме дури при крајот, но Вардар се врати. Ние во финишот направивме неколку почетнички грешки во одбраната и во моментов сум без зборови. Навистина не знам што се случи во последните пет минути од натпреварот. Ова не е прв пат, трети или четврти, така беше и во Хрватска. Водевме 27-22 и на крајот Вардар се врати и победи еден разлика. Така беше и тука Вардар во финишот беше подобар и заслужено оди понатаму. Ние самите сме виновни за елиминацијата.

 

недела, 30 август 2020 - 00:33