Викендов ќе се знаат шампионите во Вардар јуниор лигата во две генерации

Со натпреварите од Ф4 турнирите во генерациите 2006/2007 во женска и 2008/2009 во машка конкуренција викендов завршуваат натпреварите во Вардар јуниор лигата за оваа сезона. Сите мечеви се играат во малата сала во СЦ „Јане Сандански".

Осум различни школи што се дел од Ракометната академија на Вардар ќе се борат за титулите.

Почнуваат прво девојките родени 2006/2007:
Во полуфиналето во оваа категорија се среќаваат:
9:30 часот: Будимир Вардар - Ново Лисиче Вардар
10:15 часот: Кале Вардар - Длечево Вардар

12:50 часот: Меч за трето место:
13:35 часот: Финале

Во машка конкуренција, генерација 2008/2009 се среќаваат:
11:05 часот: Вардар Седмерец Вардар - Партение Зографски Вардар
11:50 часот: Бисинов Вардар - Ангели Вардар

14:20 часот: Меч за трето место
15 часот: Финале

петок, 17 мај 2019 - 13:52