Веспрем ја доби првата битка за Келн

Вардар ќе има тешка задача за пласман на Ф4 турнирот во лигата на шампионите, бидејќи на првиот четвртфинален натпревар загуби од Веспрем со 26-29 (9-12).

Унгарскиот првак ја доби првата битка за Келн, а реваншот од четвртфиналето на ЛШ се игра на 30 април во Веспрем.

Натпреварот го почнавме добор со водство од 2-0, иако гостите не ни дозволија да продолжиме со резултатското одлепување. Во 20 минута резултатот беше 7-7, иако можеме да жалиме што немавме предност зашто имавме изработени акции кои за жал не ги реализиравме. Голем виновник беше гостинскиот голман Мирко Алиловиќ. Тој првото полувреме го заврши со 10 одбранети удари не дозволувајќи ни да да се израдуваме на водство. Од таа 20. минута следуваа седум лоши минути за нас во кои примивме пет а не постигнавме ниту еден гол. Одбраната на Весппрем изгледаше агресивна, а ние иако наоѓавме начин како да ја пробиеме неможевме покрај последниот ѕид - Алиловиќ. Крајот на полувремето го дочекавме со негатива од три гола, и со надеж дека ќе успееме да се вратиме во игра.

И навистина, Вардар не се откажа, играчите се бореа лавовски, и трите гола негатива ги намаливме на само еден гол заостанување. Во 39 минута дојде и толку посакуваното израмнување, 16-16, а салата бешѓе како вистински вулкан. Подршката доаѓаше од публиката, па на водството одговоривме со нов гол. Но, немавме концентрација да ги завршиме направените акции, и Веспрем повторно ни „избега", и имавме негатива од 18-23 во 46 минута. По вторпат требаше да го бркаме водството на противникот. И пак успеавме да се вратиме, намаливме на 24-25 и притоа Веспрем имаше и исклучен играч (Шуц). Во тие две минути играње со ракометар повеќе примивме два гола преку Ласло Наѓ, а Палмарсон потоа зголеми на 25-28. Немаше веќе време за ново пресврт, па на крајот гостите заслужено си заминаа со триумф со кој се многу поблиску до пласмана во Келн.

Вардар - Веспрем 26-29 (9-12)

Вардар: Штербик (6 одбрани), Стоилов, Брумен 1, Тоскиќ 1, Манасков 1, Милиќ, Македа, Карачиќ 6, Душебаев 4, Абутовиќ, Циндриќ 1, Ангелов, Дибиров 6 (3/3), Горбок 3, Шишкарев 3, Марсениќ.

Веспрем: Гулјаш, Иванчик, Шуц, Илиќ 9 (5/5), Палмарсон 7, Миклер (одбрани 1 топка), Нилсон, Наѓ 2, Угалде 4, Маргуч 1, Родригез, Терзиќ, Алиловиќ (одбрани 15 топки), Сулиќ 4, Лекаи, Слишковиќ 1.

Фото галерија од натпреварот

сабота, 23 април 2016 - 18:12