Вардаровото семејство доживеа голема загуба – почина Бране „Дилбер“!

Семејството на Вардар остана без еден свој долгогодишен член. Ненадејно почина Бранко Дилберов (55), раководител во СЦ Кале, нераздвоен дел од Вардар повеќе од две децении.

 

 Силно не потресе веста за ненадејната смрт на нашиот  „Дилбер", личноста која секогаш беше со клубот, играчите,  со стручниот штаб. Беше препознатлива личност, секогаш  позитивна, која ја знаеја сите што на каков било начин беа  поврзани со ракометот. Со целото свое срце, беспоштедно  беше посветен на работата, а Вардар му беше второто  семејство.

 Дваесет години беше дел од Вардар, како неразделив член  од клубот и во успесите и во поразите.

 Работеше како раководител на СЦ „Кале", а претходно долги  години беше и секретар на машкиот клуб. Се радуваше на  секоја победа, ја славеше секоја титула, а тагуваше на секој  пораз. Целлосно посветен на што поголема афирмација на  клубот, Дилберот беше сведок на 10-те шампионски титули  на Вардар во машка конкуренција, 11-те Куп пехари и  седумте трофеи на Вардар последниве три сезони во женска  конкуренција.

 

Денешниот натпревар меѓу Кјелце Вардар во лигата на шампионите ќе почне со минута молчење во спомен на нашиот долгогодишен член.

Погребот ќе биде утре во Неготино во 12 часот.

недела, 4 декември 2016 - 13:09