Вардаровите пионери ја отворија сезоната со настап и во младинска конкуренција

По феноменалната победа против Шампион со 40 : 8 во пионерката лига, нашите најмлади ракометари го одиграа и првиот натпревар во младинска конкуренција против КЛ7. Иако вардарци во Струга покажаа голема пожртвуваност на мечот и имаа водство во првото полувреме, на крајот бодовите ги зема КЛ 7 со резултат од 23 : 19 (8 : 11).

ВАРДАР – ШАМПИОН 40 : 8 (22 : 2)

Избраниците на Зоран Петковски се првопласирани во нивната група во пионерската лига. Трето коло по ред Вардар е убедливо подобар од противникот, а на последниот натпревар одлично одиграа против Шампион. Двоцифрената разлика во резултатот од 22 : 2 во првото полувреме, и 40 : 8 во второто полувреме само ја нагласи доминацијата на црвено – црните во салата во СЦ „Јане Сандански". Шанса да играат добија сите ракометари.

ВАРДАР: Никола Спасовски, Марио Стојановски 2, Иле Табаков 2, Алек Алексовски 6, Тадеј Аритонов 2, Мартин Сипковски 4, Стефан Ристевски 6, Кирил Симоновски 5, Петар Колевски, Андреј Петрушевски 3, Матеј Трајановски 2, Мартин Тодороски 2, Христијан Петковски 2, Ѓорѓи Спасовски 4, Стефан Гугуталиев.

Фотографии од натпреварот на следниов линк

КЛ7 – ВАРДАР 23 : 19 (8 : 11)

На мечот во Струга вардаровите пионери успеаја да се наметнат како лидери во текот на првото полувреме против ракометари на домаќинот КЛ7. Цели 30 минути црвено – црните имаа предност од најмалку 2 до најмногу 4 гола. На пауза заминавме со водство од 11 : 8. Во второто полувреме дојде до пресврт откако домаќините израмнија на 14 : 14, а малку подоцна на 16 : 16. Следеше период без голови за црвно – црните, овозможувајќи им на домаќините да поведат со 20 : 16. Предност која до крајот на мечот за нас беше недостижна. Теренот го напуштивме со 23 : 19 за домаќините.

ВАРДАР: Никола Спасовски, Марио Стојановски 1, Иле Табаков 1, Тадеј Аритонов, Мартин Сипковски 2, Стефан Ристевски, Кирил Симоновски, Петар Колевски, Андреј Петрушевски 4, Матеј Трајановски 5, Мартин Тодороски, Александар Стојменов, Христијан Петковски 1, Виктор Трифуновски 2, Никола Ангелевски 3, Стефан Гугуталиев.

понеделник, 7 октомври 2019 - 20:50