Вардаровите младинци постигнаа 40 гола против Охрид

Младинците на Вардар фуриозно ја надиграа екипата на Охрид во салата „Билјанини извори" од младинското првенство, за победа од 40-24 (17-7).

Уште во првите минути се забележа дека на паркетот се сретнаа нерамноправни противници. Домаќините даваа отпор, но избраниците на тандемот Слободан Чивлачки и Кристијан Грчевски полека газеа за водство кое континуирано растеше во текот на целиот натпревар. На секој нивен гол одговаравме моќно со серија од по неколку голови, што допринесе предноста од +7 голови, која ја одржувавме во еден дел од полувремето, до крајот на 30-те минути да зголемиме на +10 за резултат од 17-7.

По паузата таргет ни беше прво да ја одржиме предноста од +12 гола, а потоа и да се избориме за сигурни + 15 гола кои прерасна и во +17 кога на семафорот пишуваше дека водиме со 37-20.
Предност која сепак не успеавме да ја одржиме, откако во последната минута со пенал домаќинот намали на +16 за конечни 40-24.

ОХРИД – ВАРДАР 24-40 (7-17)
ВАРДАР: Благоја Мишоски 1, Марио Миланов, Ален Ќосевски 11, Христијан Милошески 6, Даниел Митевски 2, Виктор Крстевски 3, Брајан Петкоски, Давид Олтовски 2, Христи Биковски 2, А. Мисаилески 2, Мартин Мајсторовски 1, Предраг Радуловиќ 3, Александар Тушев, И. Ѓорчев 1, Васе Наков 6, Андреј Мицановски.

 

недела, 19 ноември 2017 - 00:20