Вардарецот Давид Савревски – МВП на Балканското првенство за кадети

Нашиот играч Давид Савревски е најкорисниот играч, односно МВП на Балканското првенство за кадети, каде кадетската селекција на Македонија го освои првото место.

Првенството за момчиња родени 2002/03 година од 11 – 13 октомври се одржа во градот Гоце Делчев.
Машката кадетска селекција на Македонија со победата против бугарскиот тим Пирин со 35 – 25 се искачи на првото место, откако во претходните два натпревара играше нерешено со Бугарија и победа против Романија.

Вардар во селекцијата учествува со тројца млади ракометари, и тоа Велимир Грујоски, Симон Калаjџиски и десниот бек Давид Ставревски кој се враќа како најкорисен играч за нашата репрезентација.

недела, 13 октомври 2019 - 16:19