Вардарци триумфално против АЕК

И на вториот контролен меч одигран во Скопје ракометарите на Вардар триумфираа, овјпат против АЕК со 31-24 (14-11). Грчкиот тим допатува како победник на турнирот во Струга што заврши викендов, и одигра неколку контролни средби со македонски тимови.

На самиот почеток од средбата АЕК „покажа заби" и поведе. Највисокот водство Грцитего имаа во 18 минута кога беше 6-11. Тоа беше период во која Вардар имаше шанси, но не ги реализраше а секоја грешка гостите ја казнуваа.

Тогаш као да се разбуди Вардар. Гостите 12 минути не постигнаа гол, и од 6-11 до крајот на полувремето Вардар имаше водство од 14-11. Откако во 26 минута израмнивме на 11-11, со гол на Дибиров потоа од пенал зголемивме на 12-11 што беше наше прво водство.

Во второто полувреме Вардар прородолжи со исто темпо па предноста се зголемуваше. Во 42 минута Вардар имаше предност од 22-15 како најава за нов триумф. И на овој натпревар игравме без Жозе Толедо и Павел Атман поради повреди. Дел од младите ракометари што се во составот исто така добија шанса за играње.

ВАРДАР – АЕК 31:24 (14:11)

ВАРДАР: Гедбан 1, Кугис, Кизиќ, Кукуловски, Димитриоски, Гашовски, Кристопанс 2, Карапалевски, Пелко 1, Дисингер 3, Скубе 7, Чупиќ 4, Дибиров 10, Горбок, Шишкарев 2, Ќосевски, Горпишин 1.

 

вторник, 20 август 2019 - 14:37