Вардарци речиси комплетни - се чека уште Карачиќ

Од вчера на тренинзите на Вардар има поголема врева и мешаница откако на подготовките се приклучија речиси сите ракометари, заедно со оние што настапуваа на СП во Германија. Единствено се чека на Игор Карачиќ кој утре со репрезентацијата на Хрватска го игра мечот за 5 место на СП и тоа против Шведска.

Тренерот Парондо го водеше тренингот, а мала „поштеда" добија оние што играа на СП, па наместо во сала својот дел од тренингот го завршија во теретаната на СЦ „Јане Сандански". Со нив работи Даниел Јуришиќ, а неколкумина ракометари се уште се под посебен надзор и режим на тренирање поради тоа што во декмеври имаа хируршки зафати.

Голманот Дејан Милосављев добие неколку денови слободно, но и тоај од денска треба да се приклучи на тимот. Во негово отсуство и намален интензитет на работа на Гедбан, со тимот се Даниел Ѓорѓески, Андреј Петковски и Марко Кизиќ.

Со екипата се и Сергеј Горбок, Рожерио Мораеш, Калифа Гедбан и Вуко Борозан, иако тие засега тренираат со Марија Лојаница. Тие полека се вклопуваат во работата и работат со интензите што е препорачан за да можат да бидат подготвени за она што од нив се бара.

Првиот натпревар во 2019 година вардарци ќе го имаат на 31 јануари против Војводина во рамките од СЕГА Газпром лигата. Потоа следуваат мечеви од ЛШ против Рајн Некар и Веспрем, н а16 февруари што е прогласен за меч на колото.

Следната недела се пуштаат во продажба и билетите з атој натпревар и тоа преку www.ticketplus.mk.

петок, 25 јануари 2019 - 10:26