Вардарци први до „стотка“ во ЛШ

Екипата на Вардар е првата машка екипа од Македонија што ќе стигне до 100 одиграни натпревари во групната фаза од лигата на шампионите. Јубилејниот меч ќе биде прославен на средбата со Кристијанштад на 12 март во Скопје, во последното 14. коло од Б групата на ЛШ.

„Црвено-црните" викендов гостуваат кај Мешков Брест во Белорусија каде ќе бараат најмалку бод за да останат во игра за првото место што води директно во четврт-финалето.
Во моментов Вардар е лидер во Б групата со 18 бода по 12 одиграни натпревари. Зад нас е Рајн Некар со 17 бода, Кјелце со 16 и ПИК Сегед со 16 бода.
На нашите ракометари им требаат најмалку три бода од можните четири на последните две средби за да го осигураат првото место. Во случај на ист број бодови со една од екипите што се зад нас, ние имаме подобра меѓусебна гол разлика.

Приказната со настапите на Вардар во групната фаза од ЛШ почна во сезоната 2001/2002 година. Тогаш Вардар играше квалификации и во двомечот со АСКИ Анкара успеа да победи во Скопје, 37-31, а потоа на гостувањето во Турција имаше контрола над резултатот, иако загуби минимално со 27-28. Вардар беше вториот македонски тим што успеал да се пласира во групната фаза од ЛШ, и да остане 10 сезони потоа меѓу најдобрите.
Таа сезона против Шамбери ја остваривме првата победа во групната фаза, 32-30, а игравме заедно со Шамбери, Магдебург и Веспрем.

Четири сезони по ред игравме во лигата на шампионите од 2001 до 2005. По две сезони пазуа повторно бевме во европската елита, исто како и во сезоната 2009/2010. Тогаш првпат наместо вообичаените 6 средби игравме вкупно 10 поради промената на системот од страна на ЕХФ.

Најголемите успеси во ЛШ почнуваат сосезоната 2013/2014 кога имавме 6 победи на 14 средби, и еден гол не оневозможи да стигнеме до Ф4 турнирот во Келн. Тогаш првпат имавме и позитивна гол разлика (+7) и освоивме вкупно 15 бода. Во 2014/2015 повторно игравме вкупно 14 бода, и остваривме две победи повеќе од претходната сезона и вкупно 17 бода, и пак бевме во игра за пласман на Ф4 турнирот, но налетавме на Кјелце.
Лани, ЕХФ повторно го смени системот на натпреварување во ЛШ, а ние бевме во едне од двете најквалитетни групи. По мечевите од групната фаза игравме во осминафиналето, а потоа стигнавме во Топ-8 фазата каде ривал ни беше Веспрем. По негативата од 26-29 во Скопје, отпатувавме во Унгарија и одигравме нерешено, 30-30.

Досега Вардар има 88 настапи во групната фаза од ЛШ, и освтварено 40 победи, 11 нерешени натпревари и 47 порази. Гол разликата е 2677:2785.

 

четврток, 2 март 2017 - 11:38