Вардарци продолжуваат со тренинзи и во ЕХФ неделата

Ракометарите на Вардар 1961 продолжуваат со тренинзите откако беа направени нови тестирања на целиот тим и стручниот штаб, и согласно новите протоколи играчите кои се негативни ќе се вратат во сала по еднонеделната пауза. За време на репрезентативната ЕХФ недела дел од ракометарите ќе бидат со своите национални репрезентации, а оние што ќе бидат во Скопје ќе работат со тренерот Стевче Алушовски.

Бидејќи репрезентациите на Србија и на Полска ги откажаа своите кампови, со тимот ќе останат и Марко Вујин и Патрик Валчак кои добија повик за настап. Единствените што ќе бидат отсутни оваа седмица се: Марко Кизиќ, Стојанче Стоилов, Марко Мишевски и Филип Талевски, кои се повикани на подготовките на репрезентацијата на Македонија, а Иван Чупиќ и Кристијан Дисингер ќе бидат со репрезентациите на Хрватска и на Германија.

Во изолација остануваат членовите на тимот кои имаа позитивен тест и тие ќе имаат ново тестирање откако ќе помине потребното време за изолација. Тие од самиот почеток се изолирани, немаат контакти и вирусот не е пренесен на други членови од екипата.

Вардар 1961 сега се подготвува за следниот настап во ЕХФ лигата на шампионите против Кјелце во Полска на 19 ноември во Скопје, а потоа следната седмица гостуваме кај полскиот првак.
По 6. коло во групната фаза Вардар 1961 има три бода од три натпревари. Одложени беа средбите против Елверум, ПИК Сегед и ПСЖ.

 

понеделник, 2 ноември 2020 - 17:30