Вардарци позираа за новиот каталог на Хумел

Нашиот партнер за опрема, Хумел за дел од својот нов каталог на опрема годинава повторно реши да го користи Вардар и играчите. За таа цел екипа на Хумел допатува во Скопје и ги следеше тренинзите на нашиот тим, фотографирајќи ги играчите а потоа избраа тројца ракометари кои имаа специјална фото сесија.

Екипата на Хумел беше пријатно задоволна од одличните услови што Вардар ги има во СЦ „Јане Сандански", од фан шопот што се наоѓа во склоп на салата и каде се продаваат дресови, опрема и други навивачки реквизити.

* Фото-галерија

Павел Атман, Димитар Димитриоски и Ален Ќосевски беа играчите што имаа фото сесија на различни места во салата и надвор одговарајќи на барањата

Новите дресови со кои Вардар ќе настапува во новата сезона следната недела ќе бидат пуштени во продажба во фаншопот што се наоѓа во склоп на СЦ „Јане Сандански". Актуелната понуда од фаншопот можете да ја видите на www.vardarfanshop.com и онлајн да ги нарачате производите што ги сакате.

 

четврток, 22 август 2019 - 14:13