Вардарци однесоа три награди во изборот на Градот Скопје

Крајот на сезоната секогаш е време кога се избираат најдобрите, во екипна и поединечка конкуренција. Вардар во 2018 година имаше повеќе можности да се радува на постигнатите успеси, а тоа им донесе и признанија. Градот Скопје ги избра најдобрите поединци за годината што изминува.

Вардар однесе вкупно три награди, две во машка и една во женска конкуренција. Машкиот тим ја освои тројната круна во домашното првенство (првенство, куп и супер куп) и плус триумфот во регионалната СЕХА лига.
Кај мажите, Иван Чупиќ беше прогласен за најдобар спортист странец.

Капитенот Стојанче Стоилов беше четвртопласиран во изборот во сениорска конкуренција.

Во женска конкуренција тимот на Вардар е најдобра спортска екипа.

вторник, 25 декември 2018 - 17:18