Вардарци очекувано и без проблеми на Ф4 во Купот


Вардар дојде, виде и победи на средбата со Радовиш во Купот на Македонија, со 44-19 (20-9) и очекувано се најде меѓу четирите најдобри екипи кои викендов ќе се борат за трофејот. За два дена нашите ракометари одиграа два натпревари од четврт-финалната група, и двапати постигнуваа повеќе од 40 голови.

Прво против Борец (48-28) и сега со Радовиш (44-19). Тренерот Раул Гонзалез овојпт аго одмораше Ангелов, Абутовиќ, Рожерио, Циндриќ, Карачиќ, Чупиќ, а дури и некои што сега беа во состав немаше потреба да минат многу време во игра.

Радовиш може да се пофали дека имале водство на дуелот со Вардар, но само во првите минути кога домаќините водеа трипати, 1-0, 2-1 и 3-2. Потоа Вардар лесно уште во првото полувреме ги реши дилемите со водството од 21-9. Водевме со 16-6, кога првпат ја минавме границата од „плус 10", и потоа само го зголемувавме водството.

Ни требаше половина од второто полуврем за да стигнеме до „плус 20" кога водевме со 33-13, па и немаше некоја неизвесност. До крајот разликата ја зголемивме на „плус 23 гола".

Радовиш - Вардар 19-44 (9-21)

Радовиш: Паунов 1, Марков 2, Долдуров, Милосављевиќ 1, Фенов 1, Атанасов, Соколов 7, Чизмовиќ 2, Спасов, Арсов, Ристов 3, Ѓеорѓиев 1, Глигоров, Борисо, Постолов 1.

ВАРДАР: Штербик, Стоилов 5, Недановски 2, Милиќ, Македа 2, Деревен 6, Душебаев 5, Кањељас, Дибиров 7, Шишкарев 10, Борозан, Војводиќ 6, Марсениќ 1.

 

вторник, 16 мај 2017 - 21:14