Вардарци на подготовки во Словенија и на турнир во Германија

Нашите ракометари отпатуваа за Крањска Гора каде остануваат до 9 август, а потоа заминуваат за Германија на првиот турнир на кој ќе настапат пред почетокот на сезоната

Откако ги завршија лекарските прегледи во Скопје и тренираа неколку денови сега првиот тим на Вардар заминува на планина, на Крањска Гора, Словенија каде ќе ги одржи физичките подготовки. Со екипата отпатуваа и три наши млади ракометари, Андреј Петковски, Марко Мишевски и Даниел Ставровски. Во Скопје единствено остана Даниел Ѓорѓески кој ќе работи по специјална програма како дел од рехабилитацијата по операцијата на лигаментите на коленото.

Во Словенија ќе се работи на подобрување на физичката подготвеност. На 9 август се заминува за Германија каде е планирано во перидот од 10 до 12 август да настапиме на турнир.

Според програмата на првиот ден (10 август) во 20,15 часот ќе играме со Хамбург.

Следниот ден (11 август) во зависност од исходот од првиот натпревар ќе одиграме уште две средби со ривали од другите натпревари. На овој турнир ќе играат и екипите на: Лајпциг, Монпелје, Фуксе Берлин и Кристијанштад.
Мечевите за пласман се планирани за недела, 12 август.

Потоа екипата се враќа во Скопје.

 

вторник, 31 јули 2018 - 17:34