Вардарци ја наполнија мрежата на КЛ7 Лазаров

Доминантни и незапирливи беа избраниците на Зоран Петковски на натпреварот од пионерската лига против КЛ7 Лазаров, триумфирајќи на крајот со 38 : 10. Додека во младинска конкуренција, каде настапуваме со истата пионерска екипа, против екипата на Бутел победата на нашите момчиња им се лизна низ прстите и натпреварот заврши со 33 : 31 за домаќините.

Секој отпор против налетот на црвено црните завршуваше неуспешно за пионерите на КЛ7 Лазаров. Нашите пионери владееја со топката, пробивни во нападот и успешни во одбраната. Победата се навестуваше уште на почетокот, кога гостите го постигнаа првиот гол за 6 : 1. Во овој дел од натпреварот нашите пионерите како да се загреваа, за она што требаше да следува. Па и голгетерската серија од 5 гола, со што стигнавме до предноста од 11 гола за 16 : 5 на крајот на полувремето, ја продолжија во вториот дел од мечот за 18 : 5. Потоа стартуваа со нова серија од 10 голови, односно од 18 : 6 до 28 : 6. До крајот на натпреварот црвено – црните имаа предност од 38 – 10, со што ја прославивме и осмата победа по ред сезонава во пионерската конкуренција.

ВАРДАР - КЛ7 Лазаров 38 : 10

ВАРДАР: Никола Спасовски, Марио Стојановски 2, Алек Алексовски 3, Тадеј Аритонов 1, Мартин Сипковски 2, Стефан Ристевски 3, Кирил Симоновски 7, Петар Колевски, Андреј Петрушевски, Матеј Трајановски 2, Мартин Тодороски 3, Александар Стојменов 7, Христијан Петковски 3, Ѓорѓи Спасовски 3, Алесандро Писонеро 2.

Блиску до победата беа пионерите и на натпреварот од младинска селекција против екипата на Бутел, кои како домаќини победија со 33 : 31. Со учеството во постарата конкуренција за црвено – црните стекнуваат искуство и играат повеќе натпревари во текот на сезоната, што помага за побрза развој на младите ракометари.

Бутел – ВАРДАР 33 : 31

понеделник, 2 декември 2019 - 10:28