Вардарци го одиграа првиот од низата контролни мечеви

Веднаш по завршувањето на подготовките на Крањска Гора ракометарите на Вардар отпатуваа за Германија каде без ниту еден тренинг го одиграа првиот контролен натпревар во новата сезона, против ХСВ Хамбург. Германскиот второлигаш кој одамна ги почна своите подготовки успеа да победи со 31-25 (16-15). За „црвено-црните" ова е прв натпревар на овој тим предводен од новиот тренер Гарсија Парондо.

Овој турнир треба да биде првично запознавање на играчите кои сезонава треба да играат, под водство на новиот стручен штаб. За тренерот Парондо овој турнир треба да му донесе одговори на повеќе прашања, и да се види како новите ракометари ќе се снајдат во улогата што ќе им биде доделена.

На првиот меч настапивме без средниот бек Игор Карачиќ. Новите ракометари во тимот заедно постигнаа четири гола, а најефикасен беше Сергеј Горбок со два погодоци. Од друга страна меѓу стативите имаме неискусни голмани кои првпат ќе играат во лига на шампионите.

Натпреварот почна израмнето, а Вардар во првото полувреме имаше и водство, највисоко 9-7. Но, до крај на првите 30 минути домашните ракометари израмнија и потоа и поведоа.
Слично беше и во вториот дел, Хамбург имаше водство на Вардар се обидуваше да го стигне, и најблиску беше при резултат 23-21. Крајниот резултат е највисоката предност што ја постигна Хамбург.

Утре од 14,45 играме со Берлин.

Вардар - ХСВ Хамбург 25-31

Вардар: Стоилов 2, Поповски 1, Недановски, Криштопанс 1, Мораеш 6, Скубе 1, Чупиќ 5, Дибиров, Горбок 2, Шишкарев 2, Борозан 2, Војводиќ 2, Кисељев 1, Мишевски, Милосављев, Петковски

петок, 10 август 2018 - 23:18