Вардар1961 врши упис на нови членови за генерација 2006/07

За новата сезона екипата на Вардар1961 ќе формира екипа на момчиња родени 2006/07 кои ќе бидат дел од младинските категории на тимот и ќе тренираат заедно со македонската ракометна легенда Пепи Манасков.

Пријавувањето на заинтересираните ќе трае до до 15 август 2021 година. Неколку денови подоцна ќе биде извршена и селекцијата што ќе продолжи да тренира и да биде дел од Вардар1961.

Тренинзите на екипата ќе се одвиваат во СЦ „Јане Сандански", а термините ќе бидат дополнително одредени.

Сите заинтересирани можат да се пријават и да добијат дополнителни информации на следниот телефон: 071 247 213 или на следниот емаил: contact@rkvardar1961.com

понеделник, 5 јули 2021 - 16:46

Share on Facebook