Вардар1961 во понеделеник домаќин на четврфиналната група на Купот

Вардар ќе биде домаќин на четвртфиналната група од Купот на Македонија и тие средби ќе се одиграат на 29 март (понеделеник) во Скопје. Во групата В покрај Вардар1961 се уште и екипите на Астраион, Радовиш и Тиквеш.

Според договорот на екипите, сите предвидени натпревари од групата ќе се играат во еден ден. Во првото полуфинале играат Астраион и Радовиш, а во второто Вардар1961 и Тиквеш. Победниците ќе играат во финалето од групата. Победникот ќе се пласира на Ф4 турнирот.

Полуфинале (29 март)
Вардар1961 - Тиквеш 11 часот.
Астраион - Радовиш 13 часот

Финале:17,30 часот.

 

петок, 26 март 2021 - 17:27

Share on Facebook