Вардар1961 со победа почна во домашниот плејоф

Во првото коло од домашниот плејоф Вардар1961 со 34-30 го победи тимот на Еурофарм Пелистер 2. 

 Два дена по последниот меч од групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите, ракометарите на Вардар1961 ги почнаа и обврските од домашното првенство и одбраната на титулата. Во првото коло од плејофот од домашното првенство во Скопје гостуваше екипата на Еурофарм Пелистер 2, а бодовите ги освоија „црвено-црните“ кои победија со 34-30 (17-14). Во текот на целиот меч Вардар1961 имаше водство, а гостите од Битола пружија силен отпор во текот на сите 60 минути.

Во составот кај „цвено-црните“ на овој дуел ги немаше Калраш, Кантегрел, Јотиќ, Мишевски, Јагуриновски. На клупата останаа и Чупиќ, Дисингер и Рисовски кои воопшто не влегоа во игра. 

Крилата на Вардар, заедно постигнаа вкупно 21 гол од 34 на целиот тим. Гоце Георгиевски постигна 11 гола, Димитар Димитриоски 8, а Тимур Дибиров 3 гола. Марко Кизиќ имаше 10 одбрани и 2 пенали на целиот меч.

Освен почетното водство на гостите преку Никола Стоилевски, се потоа беше во знакот на Вардар. Гостите од Битола покажаа дека имаат мотив да се спротистават и да играат добро, и секогаш на му дишат во врат на домаќинот. Вардар има даде шанса на оние што помалку играат во ЛШ, па така Кизиќ бранеше цел меч, Векиќ имаше шанса да игра и во напад и одбрана, исто како и Валчак и Димитриоски.

Најголемото водство Вардар 1961 го имаше во вторито дел кога неколкупати имаше предност од „плус 7“ за водство 25-18, 26-19 и 27-20 Веројатно разликата ќе беше за некој гол плус на крајот, но поради неколку технички грешки во самата завршница гостите постигнаа два гола во серија и од 34-28 намалија на 34-30. 

 * Фото - галерија од средбата

 

* Записник од натпреварот - vardar1961_-_eurofarm_pelister_2.pdf

Во следното коло Вардар1961 гостува во Охрид, а потоа го пречекува Еурофарм Пелистер.

 

сабота, 6 март 2021 - 17:21

Share on Facebook