Вардар1961- Металург во полуфиналето на Купот

Во полуфиналето на Купот на Македонија за 2021 година екипата на Вардар1961 ќе игра против Металург. Ждрепката сакаше градското дерби да го реши патникот во финалето.

Полуфиналниот дуел е закажан за 14 мај во салата во Автокоманда. Дополнително ќе биде одредена саатницата на средбата.

Во второто полуфинале ќе играат Бутел и Еурофарм Пелистер, исто така на 14 мај.

Вардарци на патот до Ф4 ги елиминираа Текстилец, Тиквеш и Радовиш, а Бутел беше подобар од Кичево, Јуниор КВ и Охрид.

Финалето е закажано за 16 мај исто така во салата во Автокоманда.

 

вторник, 27 април 2021 - 12:24

Share on Facebook