Вардар1961 максимално во домашното првенство

Вардар1961 продолжува со добрите игри и победи во домашното првенство, и со четвртиот триумф по ред „црвено-црните" остануваат лидер на табелата во Супер лигата. На гостински терен кај Бутел, нашите ракометари победија со 34-26 (17-9).

Од самиот почеток се виде дека Вардар1961 е поквалитетен тим, имаше постојано предност што во некои моменти од средбата беа и „плус 10". Домашните се обидуваа да се вратат во игра, и во последните мет минути намалија на 25-30. Но, потоа Вардар1961 пак „запна" и стигна до предност од осум гола.

Тренерот Стевче Алушовски им даде шанса на сите ракометари, па во двете полувремиња имаше различни седморки на терен, или барем „измешани" од она што најчесто се игра во лигата на шампионите. Имаше можност да се воигра некоја нова комбинација, бидејќи резултатот беше во наша корист и разликата стабилна во сите 60 минути.

Средбата беше последна контрола пред реваншо од осминафиналето на ЛШ против Веспрем. Во следното коло во домашното првенство Вардар е домаќин на Струга.

Бутел - Вардар1961 26-34 (9-17)

Бутел: Младеновски 1, Стојановски, Жеоргиевски 3, Митев 2, Омерагиќ, Спасовски, Мојсоски 4, Спасовски 2, Милошески 3, Печенковски, Даскаловски, Трифковиќ 3, Блажески, Јевтиќ 1, Василевски 3, Мајиќ 4.

Вардар1961: Ристовски, Шеваљевиќ 3, Валчак 2, Јагуриновски 2, Стоилов 2, Димитриоски 1, Георгиевски 3, Дисингер 3, Јотиќ 5, Гаџа 2, Чупиќ 4, Талески 4, Векиќ, Атанасовски, Кизиќ, Дибиров 3.

недела, 4 април 2021 - 18:56

Share on Facebook