
После шест години постојано играње меѓу Топ-8 екипи во Лига на шампионите, Вардар1961 во завршува својот настап во елитното европско ракометно натпреварување во Топ-16 фазата. „Црвено-црните“ загубија во двомечот со Веспрем и сега пред ракометарите остануваат обврските во домашното првенство, Купот и во СЕХА лигата.
Во реванш осминафиналниот меч со Веспрем тимот од Унгарија триумфираше со 39-30 (41-27 во првиот меч) со што се пласираше мешу осумте најдобри во Европа.
На средбата во Веспрем настапивме без голманот Кантегрел и Талески. За разлика од Скопје, на гостински терен одигравме многу подобро особено во првото полувреме. Израмнетата игра во првите осум минути беше најава за интересна средба, но така беше се до 6-6. Потоа домаќините повторно направија предност од плус три гола и оваа разлика ја имаа во добар дел од овој дел од натпреварот.
Како минуваше времето, Веспрем повторно знаеше да ги казни нашите не реализирани шанси, и во 22. минута веќе беше 15-10. На пауза за одмор Веспрем имаше предност од 20-15.
Иако имавме негатива од пет гола добро се држевме и париравме додека можевме, но противникот за десет минути игра во второто полувреме веќе направи разлика од плус десет, 30-20. Тука натпреварот беше решен. Следуваа најдобрите седум минути за Вардар и намалување на негативата. Вардар стигна до 25-31 и тука застана. За три минути беше загубено сè што беше добро направено и Веспрем стигна до 34:25.
* Фото-галерија од натпреварот
ВЕСПРЕМ – ВАРДАР 39-30 (20-15)
ВЕСПРЕМ: Цупара, Коралес, Манасков 2, Омар Јахја 3, Мораеш 3, Тонесен 4, Нилсон 6, Лигетвари, Штрлек 5, Благотиншек, Шишкарев 6, Ненадиќ 3, Мае 2, Лукач, Македа 3, Борозан 2
ВАРДАР: Ристовски (9 одбрани), Кизиќ (2 одбрани), Шеваљевиќ 4, Валчак 2, Јагуриновски 1, Стоилов 5, Димитриоски, Георгиевски 3, Дисингер 1, Јотиќ 1, Калараш, Гаџа 2, Чупиќ 4, Дибиров 5, Векиќ 2.