Вардар1961 е прв учесник на Ф4 во Купот на Македонија

Иако играше два натпревари во ист ден, и со речиси иста постава Вардар1961 немаше проблеми да стигне меѓу четирите најдобри тимови во Купот на Македонија. Вистина е дека во самата завршница Радовиш внесе малку неизвесност, но не и многу дилеми околу победникот. Вардар триумфираше со 35-32 (19-13) и прв стигна до полуфиналето. Сега ќе ги чека потенцијалните ривали и ждрепката за Ф4 турнирот.

Гостите имаа шанса да го израмнат резултатот, но само на почетокот од средбата, 1-1 и 2-2. Потоа следуваше серија на Вардар со која поведе 6-2. Иако „црвено-црните" беа апсолутни фаворити, па и без неколку играчи му дозволија на ривалот да добие мотив повеќе и поттик, па ги искористија сите шанси да намалат на 7-6. И повторно Вардар притисна за да „избега" на 15-8.

Во првите 15 минути од средбата Филип Талески имаше убава серија од пет гола, заедно со Патрик Валчак кој постигна три гола. Јосиш Векиќ во тој период даде три од неговите пет гола на средбата. Како одминуваше времето резултатот се задржуваше, иако Радовиш повторно покажа мотив, а Вардар имаше доста не реализирани напади.

Пивотменот Стефан Атанасовски за 15 минути играње постигна шест гола во периодот од 24 до 40 минута. Високиот играч на Вардар1961 одлично се снаоѓаше на линијата од шест метри, и секоја топка што завршуваше во неговите раце беше сигурно реализиран. Противникот немаше одбрана за неговата игра.

Вардар повторно протисна и во второт полувреме пак стигна до предност од 6-7 гола. Имавме водство од 27-21. Ривалот сепак играше добро и успеа да намали на 31-27. Тогаш тренерот Стевче Алушовски побара тајм-аут по кој зголемивме, но и исто така имавме серија н апромашувања поради што Радовиш намали на 34-32 во последните 90 секунди. Ловро Јотиќ со гол во последната минута стави печат на триумфот на Вардар.

* Фото-галерија од натпреварот

Вардар1961 - Радовиш 35-32 (19-13)

ВАРДАР1961: Ристовски, Шеваљевиќ 1, Валчак 3, Јагуриновски 4, Димитриоски 4, Карапалевски 3, Дисингер, Јотиќ 3, Калараш, Талески 5, Векиќ 6, Атанасовски 6, Мишевски, Георгиевски, Кизиќ.

Радовиш: Стојановски 1, Марков 1, Ѓорѓиев 2, Постолов 5, Кобеиси 2, Илиев 9, Лојанчиќ 10, Аќимовиќ 2, Паунов, Ѓорѓиев, Спасов, Ристов, Трајковски, Шапов, Трајанов, Ситноски.

 

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

 

понеделник, 29 март 2021 - 23:07

Share on Facebook