Вардар во топ-5 по ефикасност во статстиката од групната фаза во ЛШ

Вардар се наоѓа меѓу првите пет екипи во неколку статистички категории, кои ги објави ЕХФ во извештајот по завршувањето на групната фаза.

Со оглед на тоа дека оваа сезона Лигата на шампионите се играше по нов формат, со поделба на екипите по групи според рангот и квалитетот, во поквалитетните А и Б групи нашата екипа е една од најефикасните, но истовремено е една од оние со најдобра одбрана.

Вардар го има петтиот напад и истовремено петтата одбрана помеѓу екипите од групите А и Б. Кога сме кај ефикасноста, нашиот тим го одигра вториот најефикасен натпревар оваа сезона, со 74 постигнати гола. Тоа е мечот против Кристијанштад од 20 февруари, кој го добивме со 38-36.

Исто така, ако се земат предвид сите 28 екипи во ЛШ, Вардар е петти и според гол-разликата, со 43 повеќе постигнати, отколку примени гола. Зад нас се гиганти како Веспрем, Кил, Кјелце... Исто така, Вардар е една од најуспешните домашни екипи во ЛШ, со 12 бода од седум натпревари. Единствени со максимални 14 се Веспрем и Кјелце

 

Најефикасни натпревари:

76 гола: Мотор Запорожје – Ла Риоха 39-37

74 гола: Вардар – Кристијанштад 38-36

72 гола: Целје – Бешикташ 43-29

72 гола: Скјерн – Мотор Запорожје 36-36

72 гола: Бешикташ – Веспрем 34-38

 

Најдобар напад (групи А и Б):

1. ПСЖ 442 гола

2. Фленсбург 429 гола

3. Кјелце 425 гола

4. Барселона 423 гола

5. Вардар 416 гола

 

Најдобра одбрана (групи А и Б):

1. Рајн-Некар 353 примени гола

2. Веспрем 364 примени гола

3. ППД Загреб 367 примени гола

4. Барселона 372 примени гола

5. Вардар 373 примени гола

 

Најдобра гол-разлика:

1. Мешков Брест +61

2. ПСЖ +53

3. Барселона +51

4. Фленсбург +49

5. Вардар +43


Бодови на домашен терен

14 бода - ПСЖ и Веспрем

13 бода - Кјелце

12 бода - Вардар, Фленсбург, Барселона, Кил

среда, 9 март 2016 - 16:02