Вардар во Струга го брани трофејот на „Вангел Баљуковски - Баљук“

Екипата на Вардар утре ги почнува натпреварите на јубилејниот 50. Меѓународен ракометан турнир „„Вангел Баљуковски - Баљук" во Струга каде „црвено-црните" го бранат трофејот освоен лани.

Нашиот тим ќе игра во група заедно со тимовите на Бутел, Алкалоид и Целје. Во другата група се екипите на Еурофарм Пелистер, АЕК Атина и Татран Прешов. Натпреварите се играат во период од 16 до 20 август на отвореното игралиште во Струга.

Вардар е најуспешен тим што настапувал на турнирот во Струга со вкупно 13 титули, и тим што триумфирал на првото издание на турнирот во 1973 година.

"Трениравме околу две седмици, повеќе на физичќки план. Задоволен сум од залагањето на играчите. За тактичкиот дел ќе видиме сега на турниот во Струга бидејќи тоа ќе бидат нашите први натпревари. Знам дека е тоа одличен турнир, секогаш има добри екипи. За овој период е добро што настапуваме таму да видиме каде сме со формата и да ја темпираме токму за дуелот со Нексе. Во Струга ќе бидеме комплетни играчки, вели Владо Недановски, тренерот на Вардар.

Распоред на натпревари на Вардар на турнирот во Струга
16 август
19 часот: Вардар - АЛкалоид

17 август
21,15 часот: Вардар - Бутел

18 август
19,15 часот: Целје - Вардар

20 август
Мечеви за пласман
10 часот: Меч за 7 место
17,15 часот: Меч за 5 место
19,15 часот: Меч за 3 место
21,15 часот: Финале

 

понеделник, 15 август 2022 - 19:56

Share on Facebook