Вардар во сабота последен пат пред домашна публика годинава

Натпреварот од СЕХА Газпром лигата против градскиот ривал Металург во сабота за нашите момци ќе биде последен меч пред домашна публика година. Тој е претпоследниот меч во 2017 година за „црвено-црните" кои очекуваат продолжување на победничката серија што ја имаат.

Натпреварот со Металург е закажан за в сабота во 20,45 часот во СЦ „Јане Сандански".
Билетите за натпреварот се пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk. Цената е 50 денари.

Натпреварот против Металург ќе има и хуманитарен карактер. Приходот од продажбата на билетите од натпреварот ќе бидат наменети за операција за Борче Јовановски (16) кој мора итно да замине на операција во странство на трансплантација на коскена срж. Борче боледува од ретка генетска болест, Бета Таласемија и неговата здравствена состојба се влошува поради што е потребно да замине на лекување во странство.

Раул Гонзалес - тренер на Вардар
„Ова е дерби со Металург. Мислам дека ќе биде добар меч, зашто секогаш меѓу овие две екипи има добар натпревар. Ние не знаеме кој ќе игра, Карачиќ и Абутовиќ беа повредени, па че го чекаме последниот тренинг. Очекувам интензивен меч како и секогаш. Очекувам публиката да биде во сала. Ние сме фаворит, но треба и така да се однесуваме.

Стојанче Стоилов - капитен на Вардар
„Градско дерби и меч со посебен карактер. Мислам дека ќе биде интересен како и сите досега. Верувам дека ќе ја оправдаме фаворитската улога, и нема да ја разочараме публиката. Мечот ќе има и хуманитарен караткет. Се надевам дека ќе дојдам повеќе навивачи за да му помогнеме на Борче Јовановски.

 

четврток, 7 декември 2017 - 13:04