Вардар во нова победничка серија, на „два чекори“ до четврт-финалето

Вардар „врза" три победи во низа во лигата на шампионите и се врати на лидерското место во Б групата, откако во 12. коло во Скопје го победи Целје со 35-30 (20-15).

„Црвено-црните" се наоѓаат на два чекори до заверка на директен пласман во четврт-финалето на ЛШ, и сега ни требаат само три бода од следните два натпревари за остварување на најголемиот успех, директен пласман во Топ-8 фазата.

Ова беше 40. победа за Вардар во ЛШ, деветта сезонава и четврти триумф против словенечкиот тим сезонава, втор во елитното европско натпреварување. Сега Вардар е на првото место во групата со 18 бода, еден повеќе од Рајн Некар.

Натпреварот го почнавме со водство, но до 6 минута Целје се обидуваше и успеа да направи некоја резултатска рамнотежа, барем во првите шест минути. Тогаш последен пат Целје израмни на 3-3. Потоа се' беше во знакот на „црвено-црните", кои знаеја добро да покријат во одбрана, да украдат топка и преку контра да реализираат „лесни голови".
За само три минути направивме серија од 4-0 и водевме со 7-3 најавувајќи дека повторно е најдено решение за „незгодните" Словенци кои во последно време играат одлично, особено со екипи што се фаворити. Алекс Душебаев во овој период од играта веќе постигна шест гола, а Шишкарев два помалку. Арпад Штербик повторно имаше свое полувреме, со шест одбрани и еден седмерец.
Мало изненадување за гостите секако беше играта на пивотменот Рожерио кој вообичаено е втор или трет избор, но овојпат доби шанса да игра и постигна три гола во првото полувреме.
Но, брзите гости не ни дозволија да „избегаме", па во 16 минута намалија на 10-8. И тоа беше нов знак да „уфрлиме во повисок степен", да ја забрзаме играта, да ги користиме сите шанси, и во 23 минута да го имаме највисокото водство од 16-10. Одигравме ефикасно полувреме, па на одмор заминавме со предност од пет гола, 20-15.

Вториот дел го почнавме во ист ритам како што игравме и претходно. Постојано имавме предност од шест гола, а истата потоа успеавме да ја зголемиме и на „плус 7". Имавме одговор на играта на бековите на Целје, кои немаа многу можност за комбинирање, и само понекогаш им успеваше да одиграат добро „еден на еден".
Добија шанса да играат сите, имавме добро ротирање на играчите, и таа свежина во играта донесе и резултат.

Во следното коло Вардар на 4 март гостува кај Мешков во Белорусија, во претпоследниот меч до групата.

Вардар - Целје 35-30 (20-15)
ВАРДАР: Штербик, Ангелов, Стоилов, Рожерио 3, Македа, Деревен 1, Карачиќ 5, Душебаев, Абутовиќ, Циндриќ, Чупиќ 2, Дибиров 6, Шишкарев 6, Борозан, Марсениќ 3.
Целје: Млакар 8, јанц 4, Бечири 4..

 

сабота, 25 февруари 2017 - 19:12