Вардар во финалето на турнирот во Требиње

Со двете победи остварени во ист ден, против Борац Бања Лука, 34-30 и против Леотар 38-18, ракометарите на Вардар се пласираа во финалето на турнирот што се одржува во Требиње, БиХ. „Црвено-црните" се фаворити на овој турнир, иако истиот се одржува додека нашиот тим се наоѓа истовремено на подготовки. Покрај на физичката кондиција и на воигрувањето сега се посветува внимание и на играта, и на што побрзо вклопување на новите играчи.

Домашниот тим на Леотар немаше шанса против Вардар. Се беше решено уште во првото полувреме кога вардарци поведоа со 17-8.
Во однос на првиот меч сега во состав го немаше Жозе Толедо, а првпат играше Калифа Гедбан.

Тимур Дибиров повторно со „деветка" го заврши натпреварот и се наметна како најдобра стрелец. Утре Вардар е слободен, а во сабота ќе игра финале/ Противник ќе ни биде најдобриот од другата група, каде се Изола, Металопластика и Извиѓач.

Турнир Требиње 2019 - 2 коло
Вардар - Леотар 38-18 (17-8)

ВАРДАР: Кукуловски 2, Димитриоски 2, Гашовски 1, Криштопанс 2, Сикошек Пелко 2, Дисингер 3, Атман 4, Скубе 2, Чупиќ 5, Калифа, Дибиров 9, Горбок, Шишкарев 3, Горпишин 3, Кугис, Гогов.

 

петок, 9 август 2019 - 22:45