Вардар учествува на турнир во Германија

По подготовките во Скопје и Словенија, ракометарите на Вардар викендов ќе играат на турнир во Германија со што почнува серијата контролни средби пред почетокот на новата натпреварувачка сезона. „Црвено-црните" изутринава допатуваа во Шевердингер и вечерва од 20,30 часот треба да го одиграат првиот натпревар.

На овој турнир ќе играат и екипите на: Лајпциг, Монпелје, Фуксе Берлин, Хамбург и Кристијанштад.

Според програмата на првиот ден (10 август) во 20,15 часот ќе играме со Хамбург.

Следниот ден (11 август) во зависност од исходот од првиот натпревар ќе одиграме уште две средби со ривали од другите натпревари.

Мечевите за пласман се планирани за недела, 12 август.

Потоа вардарци се вражаат во Скопје каде треба да продолжат со подготовките а на 18 август заминуваат за Струга и треба да го одиграат натпреварот од македонскиот Супер куп против Металург.

Линк за следење на натпреварите на турнирот

https://sportszone.tv/handball/live-tag-1-des-heide-cup-2018

 

петок, 10 август 2018 - 12:45