Вардар триумфираше во Нови Сад и е на една победа до пласман на Ф4

Четирикратниот победник на СЕХА Газпром лигата, Вардар е на чекор до теоретско заверување на место на Ф4 турнирот по триумфот на гостински терен во Нови Сад против Војводина, со 26-23 (13-14).

Ова беше 12 победа за „црвено-црните" сезонава и е последна контрола за тимот пред гостувањето во Германија кај Рајн Некар на 6 февруари.

Без петмина ракометари, Борозан, Гедбан, Мораеш, Горбок и Карачиќ, тимот во текот на целиот меч играше без многу запнување. Тоа го искористија домашните ракометари кои во повеќе наврати имаа и водство, а во првото полувреме и „плус 2". Но, кога Вардар во самата завршница одигра многу подобро во одбрана, тогаш веднаш се почувствува разликата во класата и тоа придонесе и да направиме во последните минути предност што ја задржавме.

Чупиќ, Скубе и Криштопанс заедно постигнаа 21 гол за Вардар и токму тие ги постигнаа последните три решавачки голови за „црвено-црните".

Војводина - Вардар 23-26 (14-13)
ВАРДАР: Ѓорѓески, Милосављев (9 одбрани и 2 седмерци), Кизиќ, Стоилов 1, Недановски, Поповски, Криштопанс 6, Дисингер, Скубе 7, Калараш 1, Гашоски, Шупиќ 8, Дибиров 1, Војводиќ 1, Кисељев.

 

четврток, 31 јануари 2019 - 19:09