Вардар триумфално во Битола и на два чекори до титулата

Со триумфот кај Еурофарм Работник од 39-22, ракометарите на Вардар направија уште еден чекор до одбрана на титулата, 12. во клупската историја. „Црвено-црните" имаат 21 бод, пет повеќе од Металург на три кола до крај на плејофот. За одбрана на титулата на Вардар му треба триумф на следните два натпревари, со Пелистер и со Пролет во понеделеник и во вторник.

Во Битола домашните ракометари се држеа само во почетокот, кога имаа негатива од 1-2 гола, последен пат 5-6, по што почнува доминацијата на Вардар. Брзо направивме предност која до крајот на првиот дел ја зголемивме на „плус 8„ за водство 19-11.

Игравме без Милиќ, Марсениќ, Војводиќ и Македа, но бевме и пресилни за битолскиот тим.
Брзо на почетокот на второто полувреме дојдовме до десет гола предност, 22-12, и потоа до крајот само го зголемувавме тоа наше водство.

Еурофарм Работник - Вардар 22-39 (11-19)
ВАРДАР: Штербик, Стоилов 6, Поповски, Криштопанс 7, Мораеш 1, Ѓорѓески, Карачиќ 3, Абутовиќ, Кањељас 3, Циндриќ 8, Чупиќ 4, Дибиров 4, Шишкарев 2, Борозан 1.

 

недела, 13 мај 2018 - 16:00