Вардар тргнува од првата позиција во плејофот

Екипата на Вардар ќе тргне со 5 бодови во одбрана на титулата, во разигрувањето во плеј офот. По одигрување на регуларниот дел од сезоната Вардар го освои првото место, со 61 бод, исто колку и Еурофарм Пелистер, но „црвено-црните" имаа победа и реми во меѓусебниот дуел.

Регуларниот дел од сезоната по 22 кола го завршивме со 20 победи, едно реми и еден пораз. Вардар го имаше најдобриот напад, постигнувајќи вкупно 733 гола и гол разлика од „плус 210 голови".

Во плејофот ќе играат првите шест екипи од регуларниот дел од сезоната, кои тргнуваат со бодови од  5 до 0, во зависност од освоеното место. Се играат дополнителни 10 кола, пет дома и пет во гости.

Дербито на првенството повторно се игра меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер. Овојпат првиот меч се игра во Скопје, во 2. коло, а реваншот е во 7. коло.

РАСПОРЕД ЗА ПЛЕЈ-ОФ

1.КОЛО (05/06.03.2022)
ВАРДАР – ОХРИД

2.КОЛО (26/27.03.2022)
ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

3.КОЛО (02/03.04.2022)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ВАРДАР

4.КОЛО (09/10.04.2022)
ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ

5.КОЛО (20/21.04.2022)
ТИКВЕШ – ВАРДАР

6.КОЛО (27/28.04.2022)
ОХРИД – ВАРДАР

7.КОЛО (30.04./01.05.2022)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР

8.КОЛО (07/08.05.2022)
ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

9.КОЛО (21/22.05.2022)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР

10.КОЛО (28/29.05.2022)
ВАРДАР – ТИКВЕШ

 

сабота, 26 февруари 2022 - 22:14

Share on Facebook