Вардар со победничка песна од Автокоманда

Вардар ја постигна 11. победа по ред во домашното првенство, 30-22 (15-7) овојпат како гостин во Автокоманда против Алкалоид. Со триумфот нашиот тим речиси сигурно ќе пренесе три бода во плејофот и ќе влезе како првопласиран од групната фаза. Остануваме првопласирани на табелата на три кола до крај на регуларниот дел од сезоната.

Мечот гоотворивме со гол на Стоилов, а веќе во следниот напад Мартин Томовски одбрани пенал, како најава за одличната вечер што ја имаше и одбраните што подоцна ќе ги има. Иако ја одбрани таа топка, истата заврши пак во рацете на Мартин Серафимов кој погоди за првото и единствено израмнување на средбата. Нашиот капитен Стоилов добива во 3. минута исклучување, но тоа како да беше потстрек за соиграчите.

За две минути Вардар постигна четири гола по ред, сите од контра, по два на Дејан Манасков и на Гоце Георгиевски. При резултат 4-1, домашниот тим веќе го искористи својот прв тајмаут, но и потоа пак постигнавме гол за водство 5-1. Се до 20 минута разликата што ја имавме беше 3-4 гола во наша корист.  Од тој момент Вардар „уфрли во повисока брзаина“ и од 10-6 дојдовме до 15-7. Во овој период Мартин Томовски имаше половина од своите одбрани, шест од вкупно 12 во првото полувреме.

Во 25 минута останавме без пивотменот Милан Лазаревски кој доби директен црвен картон, па Стојанче Стоилов и Стефан Атанасовски продолжија да се борат на линијата од шестте метри. 

Почетокот на второто полувреме Алкалоид успеа за момент д анамали на 16-11, по што тренерот Владо Недановски веднаш побара тајмаут. Советите вродија со плод и Вардар полека пак се врати на максималните „плус 8“ за водство 21-13 во 44 минута. Со двата гола на Митев, ривалот намали на 15-21, и Вардар повторно со серија отиде на 24-16.

Кога веќе беше јасно дека Вардар ќе победи, и имаше уште неколку минути до крај, Алкалои дповторно искористи период да дојде до 20-26 и 21-26, и повторно Вардар „додаде гас“ па на крај останаа оние осум гола предност, и победа од 30-22.

* Фото-галерија од натпреварот

* Записник од натпреварот - alkaloid-vardar_22-30.pdf

 

сабота, 19 ноември 2022 - 19:53

Share on Facebook