Вардар со победа се враќа од Нашице - Дибиров со 12 гола

о повеќе од двегодишна пауза Вардар повторно победи во Нашице кај Нексе, а овојпат триумфот од 31-30 (15-15) е особено вреден со оглед на фактот што истиот е дел од четврт-финалето на СЕХА Газпром лигата. Петкратниот победник во ова ракометно регионално натпреварување направи сериозен чекор кон пласманот на Ф4 турнирот. Реваншот е закажан за следниот викенд во Скопје.

Тимур Дибиров со 12 гола од 12 обиди беше една од клучните фигури на теренот. Расположено беше нашето лево крило, од линијата за седум метри, од „мртов агол", во контра....Неговите голови и играта во одбрана во второто полувреме потсетија на шампионскиот Вардар.
Дибиров третпат сезонава во СЕХА лигата постигнува двоцифрен број голови. Претходно по 11 гола им даде на Мотор Запорожје во Скопје (44-37) и на Војводина (35-33) во Нови Сад.

Домашните имаа водство во поголем дел од средбата, а Вардар успеваше само да израмни, и тоа во последните неколку минути од првото полувреме. Имавме проблеми со одбраната, да ги сопреме домашните ракометари кои лесно наоѓаа начин како да пробијат низ нашите редови, да реализираат. Ние потешко доаѓавме до позицја за шут, ни требаше време да најдеме противигра, а кога тоа се случи, лесно се вративме во игра и на полувреме беше 15-15.

Слично беше и во второто полувреме, само што овјпат во средината на тие втори 30 минути Нексе имаше предност од „плус '4" гола, и тоа во неколку моменти. Кога Халил Јагањац постгна гол за водство од 26-22 во 46 минута како да беше момент за будење на Вардар и на Тимур Дибиров. „Црвено-црните"тргнаа во својот препознатлив стил, добра одбрана, сигурен напад и добра реализација.

За само четири минути израмнивме на 26-26, а во 53 минута и првпат поведовме со 28-27 со голот на Глеб Калараш во контранапад. Потоа Дибиров постигна уште два гола а еден Сергеј Горбок. Можевме во последната минута да влеземе со предност и со „плус 3", но имаше престап од Шишкарев, а домашните реализираа за намалување на нашето водство од 30-31. И последниот напад беше наш, договорот беше да не се брза, но шутот на Скубе беше изблокиран, а потоа на спротивната страна Борко Ристовски во своето деби во СЕХА лигата ја забележа седмата одбрана на теренот.

 

Нексе - Вардар 30-31 (15-15)

НЕКСЕ: Цар (7 одбрани и 1 седмерец), Радовановиќ (1 одбрана), Етер 2, Милета 2, Мрџеновиќ, Баришиќ Јаман 2, Думенчиќ, Јелиниќ 3, Вида, Северец 3, Пешиќ 7, Кевиќ 5, Томиќ 3, Јагањац 1, Возаб 2, Прибетиќ.

ВАРДАР: Ристовски (7 одбрани), Кизиќ, Стоилов 1, Кукуловски, Димитриоски, Карапалевски, Сикошек Пелко, Скубе 6, Калараш 2, Чупиќ, Де Толедо 2, Дибиров 12, Гоброк 4, Шишкарев 4, Горпишин, Мишевски.

 

недела, 8 март 2020 - 20:52